Трипуновски: Неотповикливи оставки од Бабовски и Николовски заради катастрофалната ситуација со ширењето на свинската чума

Од:

Состојбата со ширењето на африканската свинска чума е катастрофална, свињарскиот сектор е загрозен, а под знак прашалник е безбедноста на храната на граѓаните, а директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и министерот Љупчо збор не изустиле кои мерки ќе ги преземаат и како ќе се справат со настанатата ситуацијата, напиша на својот фејсбук профил Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа барам неотповиклива оставка ВЕДНАШ! Прво оставка од Бабовски и Николовски, а потоа одговорност! Доста е од негрижа. Доста е од неспособност и неодговорност. Време е за промени“ напиша Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски

Трипуновски: Пумпната станица „Таор“ во катастрофална состојба, приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството