Поранешниот поглавар на Римокатоличката црква, Бенедикт Шеснаесетти изјави дека Господ бил тој кој му рекол да си замине во пензија, пренесе католичката новинска агенцијата „Зенит“.
Откако го шокираше светот со своето заминување, Бенедикт прими само неколку лица во приватна посета.
Еден од посетителите го прашал зошто се повлекол и тој му одоговорил дека Господ така му кажал, пренесе „Јутарњи лист“.
Поранешнит кардинал Рацингер им раскажал на своите посетители, дека колку што повеќе ја гледа харизмата на својот наследник, папата Франсис, толку повеќе сфаќа дека неговата одлука била Божија волја.
Елена Георгиевска