Оштетен виртуелниот паметник за Григор Прличев во Охрид

Од:

Минаа само два дена откако во Охрид беше поставен виртуелниот паметник за Григор Прличев во Охрид, истиот од засега непознати сторители е оштетен. Насилниците го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само да ги искриват.

„Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, паметниот споменик на виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и со поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот“, соопшти творецот на споменикот проф. д-р Анис Сефиданис преку својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“