Валас: Малку е веројатно дека Путин ќе успее да ја окупира Украина

Од:

Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави во Копенхаген, каде се одржа донаторска конференција за воена помош за Украина, дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин, како што рече, „да успее да ја окупира Украина“.

Според него, руската инвазија врз Украина „забави“ и „почна да пропаѓа“, пишува Гардијан.

Валас рече дека борбите се уште траат, но дека Русија слабее во многу области.

„Досега не успеаја и се сомневам дека некогаш ќе успеат да ја окупираат Украина. Нивната инвазија попушташе и постојано се менуваше до таа мера што тие всушност се фокусираа само на делови од југот и истокот, кои се далеку, далеку од нивната таканаречена специјална операција која требаше да трае три дена“, вели британскиот министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

Путин за европските лидери: Ќе застанете пред нозете на Трамп, ќе мрдате со опашката пред него

А1он

(ВИДЕО) Украина: Имаме дронови со домет од 2.000 километри и носат бомби од 250 килограми.

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесто Руски напад на Одеса, аларм во Полска

Катерина Ѓуровски

Володин: Секоја дискусија за убиството Путин е почеток на нуклеарна војна

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски