Гол маж направил „журка“ во авионот на Ангела Меркел!

Од:

Германски инспектори истражуваат како еден маж успеал да упадне во авионот на Владата на Германија кој го користи Ангела Меркел. Тој на себе имал само долна облека и бил под дејство на наркотици.

Овој настан дефинитивно не е најсветлиот момент во историјата на безбедносната агенција со оглед на тоа дека човекот практично успеал да влезе во авионот на Меркел, да притиска копчиња во пилотската кабина и да си игра на крилото на авионот.

Неименуван 24-годишник кај себе имал кеса полна со марихуана и таблети екстази и без поголеми проблеми успеал да влезе во авионот кој често го користи Меркел. Она што е уште поинтересно е дека авионот се наоѓа во затворениот дел на аеродромот во Келн.

Мажот се соблекол по долна облека, и почнал да прска пена од противпожарниот апарат по авионот и елегантните седишта во кабината. Потоа си играл со командите на пилотот и го активирал тобоганот на дување што се користи во случаи на крајна нужда, по што танцувал на крилото на Ербас 319.

Додека си играл со пилотските команди, ненамерно го активирал алармот што се огласил во 20.40 часот, но е совладан дури во 12.23 часот кога го каснало полициско куче.

Неговите постапки направиле штета од 133.000 долари.

Инцидентот се случил на 25 јули, но дури откако истекоа информациите за него, стана фокус во медиумите.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија