Три лица убиени во пукотници во ресторан во Германија

Од:

Најмалку три лица се убиени, а пет повредени кога непознат маж пукал во ресторан во мал град на југозападот на Германија, соопштија полициски извори.

Напаѓачот, од засега непознати причини, почнал да пука во еден ресторан во Досенхајм, во покраината Баден-Виртемберг, каде се одржувал состанок, додаде полицијата.

– Точните мотиви и како се одвивале настаните засега се се уште непознати, изјави портпаролот на полицијата.

Според првичните резултати од истрагата изгледа човекот по расправијата пукал врз две лица, а потоа се самоубил. Во пукотниците се ранети пет лица, од кои некои потешко.
Ова е втор вооружен инцидент во Германија во последните два дена.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија