Карантин за сите сомнителни случаи во земјава со мајмунски сипаници

Од:

Комисијата за заразни болести извести дека на денешниот состанок ја анализирала актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата.

Како што соопштуваат било констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај.

„Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа: изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање; изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите; секојденвно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден. КЗБ ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки“, се додава во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

СЗО објави нов термин за мајмунски сипаници

А1он

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Истражувачи од Кина развија брзи тестови за вирусот на мајмунски сипаници

А1он

Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

А1он

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Ана Ололовска

Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ

Ана Ололовска