Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Од:

Руската државна нафтена компанија „Транснефт“ повторно го покрена протокот нафта преку јужниот крак на нафтоводот „Дружба“.

„Пумпите работат, вклучени се во 16 часот“, изјави помошникот-претседател на компанијата, Игор Дјомин.

Унгарски „МОЛ“ денеска соопшти дека го уплатил надоместот за транзитот на нафтата низ Украина, посочувајќи дека се работи за „брзо решение“, откако дојде до застој во испораките заради „технички проблеми што се јавиле во банкарската трансакција“.

Украина од 4 август го запре транзитот на руска нафта за јужна Европа, од причина што поради западните санкции не ѝ биле префрлени средствата како надомест за транзит. На 22 јули на украинскиот оператор со нафтоводот „Уктранснафта“ му бил уплатен транзитот за август, но на 28 парите биле вратени бидејќи трансакцијата не била спроведена.

Русија преку нафтоводот „Дружба“ испорачува околу 250 илјади барели нафта дневно за Унгарија, Словачка и Чешка.

Москва веќе ги намали испораките гас за многу членки на ЕУ, правдајќи го тоа со проблемите настанати во одржувањето на пумпите на гасоводот „Северен ток 1“, како и поради санкциите воведени против некои од коминетентите што Москва ги смета непријателски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски