Ученици од општина Струмица на летен камп во Швајцарија

Од:

Во Детското село Песталоци во Троген, Швајцарија, се одржа летен камп на кој присуствуваа и ученици од општина Струмица.

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, Струмица спаѓа меѓу првите пилот општини кои ги имплементираа содржините од овој проект, меѓу кои е и интеркултурната размена и летниот камп во Швајцарија, каде ученици од повеќе земји се едуцираат за детските права, недискриминација, полова рамноправност и решавање на конфликти.

Оваа година на летниот камп присуствуваа ученици од училиштето „Маршал Тито“ во Струмица, кое е вклучено во програмата на пилот училиштата кои ги имплементираат содржините од проектот. Во Детското село Песталоци присуствуваа и ученици од Молдавија и Србија, кои заедно со нашите ученици ги споделија искуствата и создадоа предлог активности за нови акциони планови за имплементација во наредниот период.

На летниот камп освен задолжителните едукативни часови, учениците добија можност и за посета на научната изложба Технорама, посета на историски и други места во Швајцарија.

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, како минатата, така и оваа година овозможи логистичка, техничка и финансиска поддршка на учениците кои учествуваа во содржините на овој проект, а кој долгорочно е предвиден да трае до 2020 година, со опфат на поголем број училишта и општини во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски