ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти спротивно на Закон

Од:

„Објавен е „Јавен оглас за вработување на 200 стручни соработници-приправници – образовни асистенти за ученици со попреченост во основно образование“. Во огласот, во посебни услови за кандидатите пишува дека кандидатите може да имаат образование за специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, НО и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија има Закон за наставници и стручни соработници во кој јасно се разграничени компетенциите на едните и другите од што произлегува дека огласот е во спротивност на законот.

Значи ли тоа дека во некој иден закон сите ќе бидат воспитно-образовни работници со најразлични компетенции и бараме Власта да објасни како во иднина со измешани компетенции ќе ги разграничи овие 2 групи на професионалци?

Претпоставуваме дека оправдувањето ќе биде дека во недостаток на стручни соработници за работно место „образовен асистент“ неспособната Влада ги вклучува и наставниците.

Лага како и секогаш за својата неспособност да ја прикријат со хумано дело.

Вистината е дека се ближат избори и дека на „Агенцијата за вработување со име СДСМ и ДУИ“ им треба гласачка армија. Тоа што штетата отпосле ќе треба да се поправа нив не ги интересира.

После сѐ да не бидеме погрешно разбрани, на децата со попреченост им требаат асистенти и треба да ги добијат, ама Владата да се потруди и законите да ги почитува!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ