Компанијата ЕПИКТ го претстави малиот проектор ЕПП-100 со Андроид 4.2.2. оперативен систем, кој изгледа како радио будилник или веб камера.
Уредот со димензии 6,85х6,1х5,6 сантиметри содржи компоненти карактеристични за смартфоните и таблет уредите. ЕПП-100 доаѓа со АРМ Кортех А7 процесор со две јадра, 512 МБ РАМ, 4 ГБ внатрешна меморија и Мали-400 МП2 графика, што е доволно за играње Андроид игри, прикажување презентации, сурфање на Интернет или гледање видео записи. Уредот може да прикаже слика на ѕид со големина до 80 инчи при резолуција од 800х480 пиксели.
ЕПП-100 може да се поврзе со глувче и тастатура и да се користи како Андроид уред. За приклучување надворешни компоненти достапен е УСБ 2.0 порт, Ви-Фи, Блутут, а внатрешната меморија може да се зголeми со микроСД картичка до 32 ГБ.
Во продажба се очекува да се најде до крајот на август по цена од 220 долари.