ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновска Стојчевска наместо да се грижи за заштита на македонската култура, во манир на турбофолкерка ќе ја „орасположува“ публиката

Од:

„Скандалозната изјава на министерката за култура Костадиновска Стојчевска е најава за орвеловиот свет на цензура и ограничување на уметничкото творештво во Македонија. Тоа е резултат на погубните, понижувачки и антимакедонски договори и протоколи кои ги склучи владата на Ковачевски. Всушност скафандер министерката само го кажа тоа кое што владата на Ковачевски го потпиша, односно нема да има државни средства како поддршка за дела и уметници кои Бугарија ги смета за ширачи на говор на омраза која тие субјективно ќе ја определат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа скафандер министерката порачува заборавете ги историските наративи во уметноста и повикува на „орасположување“ на публиката. Чиниш се работи за турбофолк изведувачка која забавува публика, а не за министер за култура кој има за задача да ја унапредува и штити националната култура на една земја. Според овој изгубен лик во културата кого јавноста пежоративно го нарекува Скафандра, темите на кои се креирани најубавите дела во македонската култура, влечеле назад кон мрачни времиња. Според неа овие дела се пречка за напредок и таквите историски тематики нема да бидат институционално поддржани.

Уметниците и јавноста и порачаа на министерката да си поднесе оставка, затоа што ја навреди Македонија, затоа што ја навреди историјата, затоа што ја навреди културата и творците, затоа што ги има тоталитарна реторика која забранува творење, уметничка слобода и повикува на цензура“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски