ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи, додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

Од:

„На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од страна на Бугарија кон Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во текот на вчерашниот ден, новиот прв човек за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, најави нов документ за исполнување на задачи за Република Македонија.

Не беше доволно предавството кое го направија со прифаќањето на Протоколот и рамката за преговори во кои ги внесоа билатералните односи, сега ни се подготвува нов документ со нови услови и задачи кои треба да ги исполни државата.

Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, Ковачевски, Османи и Маричиќ скриени во глувчешка дупка, молчат за она што се подготвува во Бугарија.

Ковачевски, Османи и Маричиќ треба веднаш да одговорат што содржат овие нови документи, кои се новите барања и услови?

Додека се обидуваа од петни жили да ја убедат македонската јавност дека со Протоколот се затвораат сите услови и барање од страна на Бугарија, за нецел месец, повторно добиваме нови услови и нови барања за исполнување.

Нема крај на предавствата и продажбата на македонскиот идентит, историја, јазик и култура на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

За крај на сите предавства со потребни брзи парламентарни избори и референдум за граѓаните да го искажат своето мислење за предавствата кои ги прави оваа ненародна власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски