Пожарот кај село Фурка се интензивира, побарана е хеликоптерска интервенција во гасењето

Од:

Пожарот кај селото Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.

Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија.

На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе се движи кон Општина Богданци.

Би можело да ве интересира

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници