Приведен крадец во Скопје, фатен веднаш откако ограбил жена

Од:

На 6.8.2022 во 21.10 часот на ул.„Емил Зола“ во Скопје, полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај го уапсиле Н.Ј.(35) од Скопје.

Тој бил фатен непосредно по извршување на тешка кражба на дрзок начин, при што одзел личен накит од оштетената жена. Кај него бил пронајден украдениот накит кој и бил вратен на оштетената.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

30 дена притвор за разбојник од Скопје

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Уапсен крадец од Охрид кој крадел во родниот град