Четири пожари изминатото деноноќие во Куманово и Старо Нагоричане

Од:

Четири пожари се случиле на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, изминатото деноноќие, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

На три различни локации горела сува трева, а бил опожарен и автомобил во близина на територијалната противпожарна единица Куманово, вчера попладне. Пожарникарите успеале го изгаснат за десет минути од 16.35 до 16.45 часот.

Во пожарот нема повредни лица, пренесе информација РЦУК Куманово.

Сува трева и стрниште гореле во кумановското Агино село во 14.40. Пожарникарите го гаселе повеќе од два часа.

Во општина Старо Нагоричане горела сува трева и нискостеблести дрвја во Жегљане и сува трева во село Младо Нагоричане. На двата пожари, интервенирала по една екипа на противпожарната единица на Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Нова опасност: Пожар од Косово „влезе“ кај Грачани, чадот стигна и до Скопје

Активни се шест пожари во Македонија

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта

Пет активни пожари низ државата

Ангелов: Голем пожар во атарот на селата Локов и Буринец, драматично e и во Боговиње

Горан Наумовски

Активни се два пожара на отворен простор, четири се ставени под контрола