Фукушима станува туристичка атракција

Од:

И покрај тоа што земјиштето околу јапонската нуклеарна електрана во Фукушима се уште е загадено со голема доза на радијација, веќе се прават планови зоната во која се случи една од најголемите нуклеарни хаварии во светот, да се претвори во место за туристички посети.

Група студенти, професори, академици и архитекти се здружија за да направат проект и предложија да се изгради нова населба, која ќе се наоѓа на 25 километри од местото, на кое се случи втората по големина нуклеарна катастрофа во историјата.

Тие се надеваат дека новата населба ќе служи идните генерации да ги потсетува на нукларната катастрофа, која се случи во март 2011 година.

Нивната идеја е да направат нова населба, која според нив ќе го заживее овој крај, а локалното население, кое по прекинот на работата на електраната остана без работа повторно би можело да биде работно ангажирано, но овој пат во некои од услужните дејности во туризмот.

Експертите веруваат дека ќе бидат потребни речиси три децении за повторно во функција да се вратат четири реактори, а земјиштето околу електраната целосно да се исчисти од штетните материи.

Доколку овој план биде прифатен туристите ќе можат да отседнуваат во хотелите, кои ќе бидат изградени, на начин на кој ќе пружаат заштита од зголемената радијација во околината. Населбата исто така би требало да има и ресторани и продавници на сувенири, како и музеј посветен на последиците, кои катастрофата ги остави врз локалното население.

Заинтерсираните туристи ќе можат да ги посетуваат објектите, облечени во заштитни одела и маски и да ги фотографираат и снимаат разурнатите згради и реактори, како и работниците, кои моментално работат на отстранување на последиците од несреќата.

Целта на групата е всушност Фукушима да добие ист статус, како и градовите Хирошима и Нагасаки, а идејата од Фукушима да се направи туристичко место ја добила по појавата на т.н. „мрачен туризам“, како отварањето за туристички посети на концентрациониот логор во Аушвиц, „Полето на смртта“ во Камбоџа“ или местото „Граунд зеро“ во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ