Над 40 отсто од работниците биле изложени на мобинг – последици трпат 97 отсто

Од:

Документот кој конечно се донесе на почетокот на јуни годинава, како да не ги охрабри работниците да поднесуваат пријави и тужби поради притисоци на работното место.

Уште пред да стапи во сила ова законско решение беа во тек 12 судски процеси за психичко и за физичко вознемирување, а сега има уште три. За нив се’ уште нема пресуда и никој не платил парична казна, која според Законот за мобинг, изнесува од 4 до 6 илјади евра. Мобингот претходно беше регулиран само со неколку членови во Законот за работни односи, а донесувањето на посебниот Закон сè уште не ги забрза судските постапки, пренесе порталот Фактор.

Во Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг во Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, велат дека за сите предмети се во тек судски постапки, се одржале неколку рочишта, но ниту еден од случаите нема судска разрешница.

Вкупниот број на лица кои се обратиле до нашата Канцеларија која нуди советодавна- правна помош, изнесува околу 160 и тие се од различни дејности. Има околу 15 случаи на суд, но ниту една разрешница. Со донесувањето на Законот се надеваме на скоро решавање на споровите, како и на поголема ефикасност во наредните постапки – вели Гоце Селовски, претседател на Синдикатот за финансии, во чии рамки е Канцеларијата за мобинг. Тој додава дека лицата кои се обратиле до нив најмногу се од образованието, новинарството и државни институции, локална самоуправа и од министерства, објави „Утрински весник“.

Би можело да ве интересира

„Гласен Текстилец“: За мобинг на работното место лани поднесени 48 пријави

Два случаи на сексуално вознемирување и 30 случаи на мобинг пријавени минатата година

Пратениците расправаа за измени и дополнувања на Законот за мобинг

Жарко Настоски

УПОЗ: Мобинг е однесувањето на дополнителниот заменик-министер Трипуновски

А1он

Панчевски на обвинителна клупа на средина на јануари

Предраг Петровиќ

Шефот може да го скуси животот на вработените

Емир Латифовиќ