Сакале да украдат нафта од градежна машина

Од:

На 6.8.2022 во 1.22 часот во рудникот Брод-Гнеотино, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле.

Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, кои биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата паѓаат, доларот близу до тригодишниот минимум

Иранскиот парламент го одобри затворањето на Ормускиот теснец, конечната одлука е на безбедносните власти

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Фатени крадци во кругот на поранешен Тутунски комбинат – Куманово

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма