Повторно се огласија сирените за опасност во Израел, летаат ракети од Појасот Газа

Од:

Сирените утрово повторно се огласија во израелските градови во близина на границата со Појасот Газа. Според првите извештаи, системот за воздушна одбрана „Железна купола“ пресретнал неколку ракети, објави весникот „Тајмс оф Израел“.

Армијата соопшти дека од петокот попладне врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети од Појасот Газа, пишува The Times of Israel.

Се нагласува дека во моментов нема преговори за прекин на насилството. Армијата соопшти дека ракетниот одбранбен систем „Железна купола“ покажал 95 отсто успех во пресретнувањето на проектили истрелани врз израелските градови од терористичките групи од Појасот Газа.

Портпаролот на армијата Ран Кочав на брифинг со новинарите изјави дека околу 30 ракети кои биле истрелани не влегле во Израел и паднале во Појасот Газа.

Засега нема извештаи за штети или повредени во последниот бран ракетни истрели.

20 лица се уапсени низ Западниот Брег, меѓу кои 19 Палестинци, поради нивните врски со терористичката група Исламски џихад, објави израелската армија.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

Хамас: Ќе ги ослободиме сите заложници во замена за крајот на војната во Газа