Германските пиварници 20 години ја договарале цената на пивото

Од:

Германските пиварници се соочуваат со обвинение дека направиле картел и последните 20 година ја договарале цената на пивото, објави германскиот весник „Фокус“, повикувајќи се на извештајот од Сојузната канцеларија за заштита на пазарот.

Весникот наведува дека германските пиварници поради местењето на цените на пивото можат да бидат казнети со неколку стотици милиони евра.

Директорот на „Велтинд пиварница“, Фолкер Кухл изјави дека во јануари годинава најголемите производители на пиво се договориле да ја зголемат цената на пијалокот, а потоа во тој договор да ги вклучат и помалите производители.

„Фокус“ наведува дека според најновите информации постои сомнеж дека германските пиварници цените ги договараат речиси две децении.

– Досега постоеше сомнеж дека недозволениот картел на германски пиварници постоеше во периодот од 2006 до 2008 година, но извештајот од Сојузната канцеларија за заштита на пазарот има повеќе од 100 страници документација за истрагата и ова би можело да биде само врв од ледениот брег, наведува „Фокус“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија