Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, назначи 25 нови заменици министри, а истовремено разреши 25 кои досега беа на нивните функции, соопшти владината прес-служба.
Галаб Донев го именуваше бугарскиот амбасадор во Украина, Костадин Којабашев за заменик министер за надворешни работи. В четврток официјалната влада на Бугарија ќе ја одржи првата редовна средба. Истовремено, премиерот Донев одлучи да создаде специјален штаб за справување со енергетската состојба, со кој ќе раководи, јави дописникот на МИА од Софија.
Извор: МИА