Бредли: Шкупи е одличен тим

Од:

Ирскиот претставник Шамрок Роверс е ривалот на македонскиот првак Шкупи во третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Во пресрет на утрешниот дуел, кој е закажан за 21 часот, тренерот на Шамрок, Стивен Бредли, потенцира дека Шкупи е одличен тим.

„Ќе си имаме работа со многу опасен тим. Тие се одлични, гледав што може да направат против Динамо Загреб. Се справуваа со нив, беа рамноправни, само нијанси решаваа дали Динамо ќе успее да ја потврди фаворитската улога. Сепа, ние сме оптимисти, ќе се обидеме да наметнеме наша игра и веруваме во победа“, изјави Стивен Бредли.

Натпреварот е закажан за утревечер со почеток во 21 часот на „Талахт стадионот“ во Даблин.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Седлоски: 2022 беше успешна за Шкупи, следната сакаме одбрана на титулата

Шкупи го „торпедираше“ Работнички, Струга со седма победа во низа

Тиквеш го изненади Шкупи, Нгоба постигна хет-трик

Седлоски си замина од Шкупи

„Шкупи штеди“: Фудбалерите наместо во хотел „дремнале“ во „Мекдоналдс“ на враќање од Гибралтар

Горан Наумовски