Бен Афлек ќе се врати како Бетмен во Aquaman and The Lost Kingdom („Аквамен и изгубеното кралство“).
49-годишниот актер ќе ја репризира улогата на темниот витез Брус Вејн во претстојниот филм, како што објави Џејсон Момоа, ѕвездата на „Аквамен“, на својот инстаграм-профил.
Момоа откри дека уште еден член од „Лигата на правдата“ се враќа во продолжението на филмот.