(ВИДЕО) Никица Корубин: Во Македонија се создаваат антибугарски чувства веќе 70 години

Од:

„Парадокс е што на почетокот на преговорите со ЕУ – датум што го чекаме 30 години, кој бележи пресврт и е нешто извонредно во модерната историја – имаме антиевропски протести“, вели во интервју за БГНЕС поранешната пратеничка од ЛДП, Никица Корубин.

Корубин е магистер по архелогија и историја на уметност и во моментов е активна во невладиниот сектор, а јавноста ја памети по тоа што како пратеник на ЛДП подоцна стана независна и остана дел од мнозинската влада на СДСМ до крајот на нејзиниот мандат.

„Овие антиевропски протести со месеци се криеја зад параванот на заштитата на идентитетот, што всушност е создавање на антибугарски чувства. Тие не се создадени само последниве месеци, туку, за жал, се создава во општеството веќе 60-70 години. Тоа нè доведе до ситуација да паѓаат маските, да видиме што точно значи европската перспектива и како таа е сфатена од многу значајни јавни личности“, рече таа.

На прашањето дали македонското општество ќе може да создаде свој Илинден – првиот Илинден, кој ќе биде по чист македонски карактер и кој нема да биде оспоруван како во 1903 година и идеолошки оптоварен како оној од 1944 година (АСНОМ), Корубин изјави дека нема проблем во кој било од споменатите датуми.

„Ова се важни одредувачки фактори за она што го нарекуваме континуитет во државноста на денешна Република Северна Македонија: Илинден од 1903 година, АСНОМ од 1944 година, независноста од 8 септември 1991 година. Според мене, најголемиот празник е 8 септември 1991 година, бидејќи тогаш беше прогласена независноста на државата. Ако нема почит кон нашата земја и чувство на припадност на државата, нема да можеме да зборуваме за некаков континуитет ниту со Илинден, ниту со АСНОМ“.

Според Корубин, недостатокот на доверба често нè води во конфликтни ситуации.

„На пример, постојаното повторување дека некој го потценува нашиот идентитет води до ова. Идентитетот не е само лична категорија – тој е многу сложен и никој не може ниту да ви го даде ниту да ви го одземе. Тоа е вашата сопствена свест за тоа кои сте и што сте. Овој недостиг на доверба нè стави во состојба на постојан конфликт со сите наши соседи освен еден“.

За повикот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархели политичарите во земјава да почнат да размислуваат потрезно, Корубин смета дека тоа е логична реакција, „откако сите бевме сведоци на варварска ситуација и примитивно однесување не само за време на протестите, туку и за време на собраниската седница“.

Таа нагласи дека преговорите со ЕУ се почнати, но како ќе продолжат и со каква динамика во голема мера зависи од владетелите.

„И без разлика што јавноста кај нас мисли дека овие антиевропски манифестации се производ само на опозицијата, тие не се производ на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, оваа атмосфера на антиевропско расположение е изградена многу перфидно. меѓу јавните медиуми и јавно говорење од самите медиуми, од влијателни личности, од европски „аналитичари“, од експерти. Се создаде страшна атмосфера на антиевропски чувства. Тоа значи дека општеството мора радикално да се промени, вклучително и однесувањето на самите политички партии“.

Корубин е убедена дека Бугарија може да и помогне на РСМ со своето искуство на патот кон ЕУ, а барањето помош од Софија е сосема логично, бидејќи од сите соседи на Македонија, само Бугарија го поминала целиот процес на преговори, на отворање на преговарачките поглавја на реформите во општеството.

извор: БГНЕС

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина

Катерина Ѓуровски

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени