Ојани Ноа, првиот сопруг на Џенифер Лопез, верува дека нејзиниот брак со Бен Афлек нема да трае бидејќи таа, наводно, губи интерес откако страста ќе спласне.
Ѕвездата на „Омажи се за мене“ (Marry Me) се венча со актерот и режисер на почетокот на овој месец, речиси 20 години откако ја прекинаа нивната свршувачка, но Ноа – кој беше во брак со Лопез од февруари 1997 до јануари 1998 година – е скептичен за тоа колку силна ќе биде нивната заедница.
Тој изјави за весникот „Мејл он сандеј“: „На неа и на Бен им посакувам сè најдобро, но не сум убеден дека ќе потрае. Џен сака да биде вљубена, но таа беше свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Јас бев сопруг број еден и ми рече дека јас сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на нашата брачна ноќ, таа рече дека ќе бидеме заедно засекогаш.“