Руска поддршка за Кина: САД да не го провоцираат Пекинг со Тајван

Од:

Кремљ денеска ја поддржа Кина во тензиите со Вашингтон во врска со Тајван, предупредувајќи ги САД да не преземаат „никакви провокативни потези“ кои би можеле да ја влошат ситуацијата.

Еден ден откако кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека другите земји не треба да се мешаат во односите на Пекинг со Тајван, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

– Веруваме дека ниту една друга земја нема право да го доведува во прашање суверенитетот на Кина над Тајван или да преземе какви било провокативни чекори, рече Песков.

Тој ги предупреди САД да не преземаат „деструктивни“ потези, наведувајќи дека „таквото однесување на меѓународната сцена може само да ги влоши тензиите бидејќи светот е веќе полн со регионални и глобални проблеми“

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи