МЗТ Скопје Аеродром потпиша со талентираниот Андреј Андоноски

Од:

Македонскиот репрезентативец Андреј Андоноски (20 год, 203 см), во следните три сезони ќе настапува за најдобриот состав на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор до 2025 година со можност за продолжување на соработката.

Станува збор за еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, кој игра на позицијата крилен центар и кој веќе има пет средби одиграни за најсилниот состав на Македонија

Претходно беше еден од лидерите на кадетската, јуниорската и на младинската репрезентација, со која летово настапи на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Тбилиси.

„Од Андоноски очекуваме да биде еден од предводниците на МЗТ Скопје во идниот период, односно достоен наследник на генерациите кои досега доминираа во макбаскетот носејќи го сино-белиот дрес“, велат од МЗТ Скопје Аеродром.

Тој е десеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје Аеродром ја освои 11 шампионска титула

Пораз на МЗТ Скопје од Партизан со неверојатни 53 поени разлика

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он

Радуловиќ: Далеку сме од идеалната форма, претстојната сезона ќе нема изразит фаворит

Рикиќ: Ќе дадеме сѐ двојната круна да остане во Аеродром

А1он

Осми шампионски трофеј за МЗТ Скопје Аеродром

Катерина Ѓуровски