Околу 20 отсто Американци се плашат дека наскоро ќе се заразат со мајмунски сипаници, но сè уште има некои значајни дупки во сфаќањето на јавноста за вирусот, наведено е во извештајот од новото истражување од Центарот за јавна политика Аненберг.
Еден од петмина Американци се загрижени дека ќе добијат мајмунски сипаници во следните три месеци, покажа истражувањето на Аненберг.
Речиси половина не се сигурни дали мајмунските сипаници се помалку заразни од Ковид-19, иако 69 отсто точно го идентификувале начинот на кој обично се шират (преку близок контакт со заразено лице).
Жените се повеќе загрижени од заразување со мајмунски сипаници отколку мажите, иако огромното мнозинство на случаи во САД се меѓу мажите.
Проблем се и дезинформациите и теориите на заговор, наведуваат од Аненберг.
Вкупно 12 отсто од испитаниците во истражувањето на Аненберг се изјасниле дека веруваат дека вирусот на мајмунски сипаници веројатно или дефинитивно бил создаден во лабораторија, а 21 отсто дека не се сигурни дали тоа е предизвикано од изложеност на 5Г сигнал.
Фактот дека вирусот досега се шири првенствено меѓу мажите кои имаат секс со мажи, исто така, ги поттикна раширените перцепции дека се работи за сексуално пренослива инфекција, се наведува во извештајот од истражувањето.
Извор: МИА