Германија ќе стане првата земја во Европа, која ќе им овозможи на родителите во изводот од матична книга на родените да наведат дека нивното дете нема одреден пол.
Во обид на децата родени со карактеристиките на двата пола да им се пружи можност самите да одлучат дали сакаат подоцна во животот да бидат мажи или жени, од ноември во Германија ќе биде воведена опцијата „празно“.
Според новиот закон таквите деца доколку сакаат до крајот на животот ќе се претставуваат како „неодреден пол“.
Германските власти меѓутоа треба да донесат и одлука како новиот закон ќе влијае врз другите важни документи за лична идентификација, како што е пасошот, кој засега бара податоци за припадноста на машкиот, односно женскиот пол.
Австралија е првата земја во светот, која официјално ја воведе категоријата неодреден пол, пред повеќе од шест недели.