Шест жители на струмичкото село Баница своите домови ги приклучиле директно на електрична мрежа, без да поседуваат електрични бројачи.
МВР јави дека полицијата од Струмица поднесе шест кривични пријави против Р.М., Ј.М., М.П., Ф.Б., Д.Ѓ. и В.Ј., на возраст од 26 до 68 години, сите од село Баница, за сторени шест кривични дела „кражба на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас“.
На 23 минатиот месец при редовна техничка контрола од страна на вработени во ЕВН Македонија било утврдено дека пријавените неовластено користеле електрична енергија, односно извршиле приклучување на своите домови директно на електрична мрежа, без да поседуваат електрични бројачи.