Удар од гром предизвикал пожар во Прилеп, целосно изгорени четири куќи

Од:

Минатата ноќ 15 минути по полноќ, гром удрил во куќа во Прилеп и предизвикал пожар кој зафатил и целосно изгорел уште четири куќи.
– Пожарот се случил на ул. Козара 4 во Прилеп.

Од ударот на гром се запалила една куќа и пожарот се проширил на уште три кои биле лепенки. На терен интервенирале екипи на противпожарната бригада, при што пожарот бил изгаснат, но не е познато дали има повредени или жртви – рече за „А1он“, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија