УЈП: До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ”

Од:

До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ” по што од Управата за јавни приходи велат дека ќе ги информираат граѓаните кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.

– Тимот на УЈП, целосно е ангажиран, со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска, беа направени дополнителни прилагодувања, очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки, велат во УЈП.

Од УЈП доадаваат дела е врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ. Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберат опцијата „Основен“. Фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во ,,Тип на баркод скенер,, да ја изберат опцијата ,,Напреден,, при скенирање на фискалните сметки.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа