На 26.7.2022 во 20.25 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кај с.Штрбово, ресенско, настанал пожар во патничко возило во движење „фиат пунто“, со српски национални ознаки, управувано од С.Б.(50) од Република Србија.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од ОВР Ресен.