ЗНМ со амандман-законот да важи по влезот на Македонија во ЕУ

Од:

Здружението на новинарите на Македонија како што најави поднесе амандман до Собранието за предлог Законот за медиуми, а со кој се одредува истиот да почне да се применува во пракса од денот кога Македонија ќе стане членка на Европската унија.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани појасни дека со овој амандман Македонија ќе се заштитити од препреките во евроинтегративниот процес, со оглед дека новиот закон не го бара Европската унија како што досега се потенцираше од страна на власта, туку не него инсистира македонската влада.

– Владата тврди дека овој закон е според европските стандарди. Ако е тоа така, тогаш ние немаме ништо против законот да се применува кога ќе станеме членка на Унијата, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје