Османи: Унилатералната изјава за јазикот не е историски текст

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со португалскиот шеф на дипломатијата Жоао Гомеш Кравињо рече дека унилатералната изјава за македонскиот јазик која ја разгневи македонската експертска јавност, не била историски текст, туку политичко објаснување во кое се опишани најважните елементи на јазикот со реченици од Устабот, од резолуцијата и од заклучите на Собранието.

– Ние го опишавме јазикот со најважните елементи од Уставот, од резолуцијата и од заклучоците од Собранието. Унилатералната изјава не е историски текст и тоа што го видовте во јавноста беше
превод од оригиналната изјава на англиски јазик.

Во однос на тоа кој е подобар предлог, португалскиот или францускиот, Османи рече дека најважно било што тие не прифатиле никакви квалификации за македонскиот јазик, освен нотата на Бугарија која не го признава постоењето на македонскиот јазик.

– Уште германскиот, па португалскиот па францускиот прелдог, сите ја знаеја нашата позиција дека нема да прифатиме никакви квалификации за македонскиот јазик. Унилатерална нота Бугарија има испратено до ООН уште во 2018 година веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор. За жал тогаш не е беше претставено на јавноста. Бугарија гласаше за предлог во кој македонскиот јазик е чист – рече Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот