• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Охрид рај за албанските проститутки

by А1он20/08/2013 - 11:3420/08/2013 - 15:055523
Share0

Девојки од Албанија работат како проститутки во хотели во Охрид и во Охридско, а клиенти им се Албанци, кои мислат дека девојките се од Русија или од Молдавија, пишува албанскиот весник „Шќиптарја“.

Добивај вести на вибер

Во весникот деновиве беше објавена репортажа со наслов „Охрид – рај за проституција на албанските девојки“, во која се опишува што се случува во еден хотел на неколку километри од македонско- албанската граница. Новинарот напишал дека веднаш по преминот Тушемиште се поставени табли со патокази кон „стриптиз-бар хотел“, а објектот на прв поглед личи на обичен мотел.

Но, со самото влегување во хотелот станува јасно дека тој нуди и специјални услуги, кои вклучуваат играње на девојки на железни шипки, дружење со клиентите и сексуални услуги. „Шќиптарја“ ја пренесува и вџашеноста на клиентите-Албанци од фактот дека не спиеле со Русинки, како што мислеле, туку со Албанки.

Според весникот, Албанките нудат услуги и во други локали во Охрид, каде што Албанците се редовни клиенти, кои бараат секс со девојка од странство, а не со Албанки.

Маж од Kорча изјавил дека му се допаднала една Русокоса, која му наликувала на Молдавка, па со неа ја поминал ноќта. Таа утрото му рекла дека е од албанскиот град Грамш, што многу го погодило.

Жител на Подградец, кој бил поврзан со газдата на хотелот, изјавил дека во еден ден таму стигале 20 Русинки, а тој веднаш телефонирал во Тирана. По три часа пристигнале ВИП-личности со луксузни автомобили, кои не прашуваат за цена и остануваат со девојките цела ноќ.

Авторот на текстот во репортажата пишувал и за напорите на македонското МВР да ја спречат проституцијата, при што навел податок дека годинава биле откриени 266 странски државјанки кои работеле на црно како танчарки и келнерки, што е повеќе отколку во истиот период лани.

Три Албанки и Косовка работеле на црно во хотел во Велешта

Охридската полиција викендов открила четири странски државјанки како работат на црно во хотелот„ Јони“ во струшко Велешта, соопшти МВР.

Станува збор за три Албанки на возраст од 24 до 30 години, како и една 34-годишна девојка од Kосово. Ниту една немала пријавен престој, иако во хотелот работеле како естрадни уметнички. Полицијата против нив поднесе прекршочни пријави, по што им е изречена парична казна од 300 евра. Судот им одредил и забрана за влез во земјава во времетраење од шест месеци до една година.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен