Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во финале на ВТА турнирот во Оломуц, Чешка. Таа во полуфиналната пресметка денеска ја победи Русинката Дарја Астахова со 6:2, 3:6, 6:3.
Ѓорческа за трофејот ќе се бори против чешката тенисерка Сара Бејлек, која во два сета ја победи Сада Нахимана од Бурунди со 6:3, 6:2.
Македонската тенисерка ги загуби првите два гема, но потоа направи серија од шест последовни гемови и славеше со 6:2. Имаше мал пад во вториот сет кој го загуби со 3:6, но затоа повторно блесна во решавачкиот трет сет.
Ѓорческа направи два брејка во серија и дојде до убедливи 5:1 во гемови, а потоа и го комплетираше мечот.
Извор: МИА