Тројца убиени во Ајова – напаѓачот се самоубил

Од:

Тројца членови на семејството Шмит, Тајлер (42), Сара (42) и Лулу (6) биле убиени додека кампувале во државен парк во источна Ајова, а осомничениот напаѓач, Ентони Шервин, извршил самоубиство.

Полицајците одговорија на извештаите за пукање во кампот во државниот парк Макукета Кејвс вчера рано наутро и пронајдоа три лица мртви во шаторот во кампот, рече помошник-директорот на криминалистичката истрага Мич Мортвед.

Мортвед додаде дека полицијата веднаш ги евакуирала сите од паркот, а кога завршила евакуацијата, единствен регистриран кампер кој во тој момент не бил меѓу останатите кампери бил Шервин (23), пренесува АП.

Полицијата подоцна го пронашла Шервин мртов во шумската област на паркот.

Утврдено е дека се самоубил со огнено оружје.

Шервин дошол од Небраска, а истражителите не веруваат дека тој имал некаква поврзаност со жртвите, рече Мортвед, додавајќи дека не може да каже дали осомничениот има криминално досие и дека аутопсиите на Шервин и жртвите треба да се направат во текот на викендот, пренесе Американската агенција.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за двојниот убиец од скопското село Стајковци

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука