Од август кризна состојба во енергетскиот сектор за да се обезбедат средства за грејната сезона

Од:

Министерството за економија планира во август да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор и да ја стави во функција комисијата за енергетска криза со цел да се обезбедат финансиски средства за компаниите за претстојната грејна сезона која според сите предвидувања, ќе биде една од најтешките досега.

– Ние планираме како министерство за економија да ја ставиме во функција комисијата и во август да прогласиме кризна состојба во делот на електричната енергија. Во таа кризна состојба предвидени се и рестрикции, но ако нема забрана за увоз на електрична енергија во регионот како што беше случај еднаш со Бугарија, тогаш нема да има рестрикции за граѓаните – истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Вчера е донесена одлука од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување 100 милиони евра во делот на ликвидсноста за да може ЕСМ во одредени периоди од годината да купува електрична енергија и да купува јаглен и мазут за потребите на сите капацитети.

– Ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут. Зборуваме за три блока во РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј и за ТЕЦ Неготино. А, треба да ги сочуваме и хидрокапацитетите за да имаме електрична енергија за зимскиот период. И на следниот состанок на Опен Балкан ќе се обидеме да споделуваме податоци економските потреби на другите земји и покрај одлуките за извоз. Ова ќе важи и за електричната енергија и за другите енергенси ако некоја земја ги има на располагање – додаде Бектеши.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил

Кризна состојба и портокалова фаза поради жештините и пожарите

Поради пожарите и топлотниот бран, Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

A1on

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши