Русија ќе ја разгледа можноста за испорака на дополнително количество гас на Унгарија оваа година, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со неговиот унгарски колега Петер Сијарто во Москва.
Сијарто денеска пристигна во Москва за да разговара за купување на дополнителни 700 милиони кубни метри природен гас.
Шефот на унгарската дипломатија ќе се сретне и со рускиот вицепремиер Александар Новак, еден од водечките луѓе во рускиот енергетски сектор.
Унгарија, која нема излез на море, увезува 65 отсто од нафтата и 80 проценти од гасот од Русија. Поради ризикот од недостиг на енергија, унгарската Влада минатата недела прогласи вонредна состојба.
Извор: МИА