Претседателот на САД Џо Бајден е позитивен на Ковид-19, соопшти во Белата куќа.
Седумдесет и деветгодишниот Бајден, кој е целосно вакциниран, примил и два бустера и има „многу благи симптоми“ се вели во сооптението.
Бајден почнал да зема Паксловид, антивирусна пилула која може да го намали ризикот од хоспитализација на луѓето кои се позитивни на Ковид-19.
Бајден ќе работи изолирано додека не биде негативен на тестот за вирусот. Сите планирани состаноци ќе ги одржи од далечина.