Италијанскиот премиер повторно поднесе оставка

Од:

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска поднесе оставка откако клучните коалициски партнери го бојкотираа гласањето за доверба на неговата влада во Парламентот.

Тоа е сигнал за веројатни предвремени избори и нов период на неизвесност за Италија и Европа во критично време, јавија италијански медиуми.

Драги му ја предаде оставката на претседателот Серџо Матарела за време на утринската средба во претседателската палата Квиринале. Кабинетот на претседателот соопшти дека Матарела побарал од владата на Драги да продолжи со функцијата додека не се донесе одлука што да прави.

Италијанската влада падна вчера откако коалицијата на десничарски, леви и популистички партии го отфрлија неговиот повик да останат заедно до крајот на мандатот на Парламентот, за да се овозможи спроведување на планот финансиран од ЕУ за обнова и стабилизирање на италијанската економија.

Во соопштението за оставката на Драги не е прецизирано дали Матарела ќе го распушти Парламентот или ќе распише предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски