Служба на ОБСЕ укажува на сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право во конфликтот во Украина

Од:

Служба на Организацијата за безбедност и соработка во Европа тврди дека руските сили во Украина извршиле сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и на човековите права, јави ДПА.

Со седиште во Варшава, Службата за демократски институции и човекови права, институција на ОБСЕ, објави извештај каде се наведуваат информации за сериозни прекршувања, извршени од Русија во рамки на конфликтот во Украина и вклучувајќи ги гранатирањата на театарот во Мариупол во средината на март и на железничката станица во Краматорск на почетокот на април.

Службата изразува сериозни грижи во извештајот, во врска со опсадите на укранските градови од страна на руските сили, при што на цивили им е одземена можноста да се евакуираат.

Однесувањето на руските војници во Украина се карактеризира со општо непочитување на основните принципи на меѓународното хуманитарно право, подвлекува службата на ОБСЕ.

Очевидци сведочат за случаи на незаконити егзекуции, приведувања, киднапирања, мачење и сексуално насилство, истакнуваат оттаму.

Во извештајот се наведува и дека украинските војници извршиле повреди на хуманитарното право. Се нагласува дека и двете земји во конфликтот извршиле повреди на правата на воени заробеници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“