ЕУ испрати ново предупредување до Будимпешта, се закани со суспензија на европски фондови

Од:

Европската комисија испрати ново предупредување до Унгарија поради непочитување на владеењето на правото, а процедурата може да доведе до суспензија на некои фондови кои и се даваат на земјата.

„Европската комисија смета дека Унгарија не доставила соодветни корективни мерки“, се наведува во соопштението на Комисијата, потврдувајќи ја информацијата на унгарскиот весник „Непсава“, пренесе Бета.

На крајот на април, Брисел покрена механизам за условување против Будимпешта, кој досега не беше користен во ЕУ, поради загриженоста за користењето на европскиот буџет од Унгарија.

Тоа е поврзано со спроведувањето на јавните набавки, недоволната контрола и транспарентност во користењето на средствата и недоволната борба против проневера и корупција.

Сепак, одговорот на Унгарија на покренувањето на таа постапка беше оценет како недоволен и комесарот за буџет Јоханес Хан доби задача денеска да испрати ново писмо до унгарските власти.

Во дописот ќе бидат предложени мерки во однос на суспендирање или намалување на одредени европски фондови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта