Рама демантира дека хакерите побарале 30 милиони евра од Владата за да го одблокираат системот

Од:

По информациите дека непознатите хакери од албанската Влада побарале милионска сума за ги вратат во функција владините и јавните интернет-страници се огласи премиерот Еди Рама, кој наведе дека тоа се шпекулации.

– Шпекулации се вестите објавени во медиумите дека на хакерите побарале од Владата 30 милиони евра за ги вратат во функција онлајн услугите. Зад софистицираните кибернапади стојат две земји, истакна Рама, не наведувајќи за кои земји станува збор.

Тој додаде дека НАТО е вклучен во напорите за заштита на Албанија од кибернапади.

Според него битката со оваа појава се уште не е завршена и оти Националната агенција за информатичко општество прави се системите да ги врати во функција.

Тој уште еднаш им гарантираше на граѓаните дека личните податоците им се безбедни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он