Возачот на ЈСП кој синоќа истепа патник во автобусот на линија бр. 24 е суспендиран информираат од ЈСП Скопје.
– Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот. Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место се вели во информацијата од ЈСП.
„А1.он“ синоќа објави за инцидентот во кој возачот претепал патник кој во автобусот бил со бремената сопруга и побарал да биле вклучена климата. Според информации од очевидци расправијата во еден момент преминала во крвничко тепање на патникот. Сведоците од автобусот велат дека возачот го фатил сопругот за раменици и му ја удирал главата од прозорците. Исплашената сопруга по телефон ја алармирала полиција.