Судот на една жена во САД и наредил да ги плати трошоците за развод на поранешниот сопруг, сума од 50 долари и 12 центи, како дел од договорот.
Изнервирана, таа својата обврска ја завршила, но му платила во ситни пари, а додала и писмо.
– Енди, ти давам 47 долари и 12 центи во метални пари. Другите три долари ги потрошив за кутиите за парите. Тука ти е и сметката ако сакаш да ги вратиш. Се надевам дека уживаш во животот. Знам само дека мојот е 20 пати подобар откако ти не си во него. Ти благодарам! – стои во писмото.