Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Од:

На властите во Северна Македонија им се препорачува да спроведат построги истраги, да ги гонат и осудат осомничените трговци со луѓе, како и да не се заобиколуваат официјални лица за кои има сомнежи за соучество. Владата на Северна Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни напори во таа насока, се вели во годинашниот Извештај за спречување на трговијата со луѓе, што денеска го објави американскиот Стејт департмент.

Според тој извештај, Северна Македонија се наоѓа на второ ниво заедно со осумдесетина земји од светот, меѓу кои се и Албанија, Хрватска, Грција, Унгарија, Италија. За споредба, во погорното, ниво број 1, се наоѓаат САД, Канада, Франција, САД, Финска, каде напорите за спречување на трговијата со луѓе се значајно повисоки.

Во извештајот, кој се однесува на 2021 година, се наведува дека македонските власти презеле напори за судска разрешница на повеќе случаи и развиле пристап што е ориентиран кон посттрауматска заштита на жртвите и децата од трговијата со луѓе. Сепак, се додава дека стандардите во повеќе клучни области не се исполнети.

„Намален е бројот на обвиненија против трговци со луѓе, додека полицијата и натаму се соочува со недостиг од доволно финансии и опрема за да спроведе проактивни истраги“, стои во дел од Извештајот.

Во текстот се додава дека Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, немало доволно ресурси, персонал и дигитален систем на менаџирање за да се справи со сите случаи што се во негова надлежност.

Би можело да ве интересира

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Oткриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе во Белгија

А1он

Во Централна Америка уапсени 45 шверцери на луѓе

Светски ден за борба против трговија со луѓе: Во С. Македонија трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма, се реактивираат Мобилните тимови

Ана Ололовска