Хакер од Пaлестина открил „bug“ на Фејсбук како ранлив дел од системот со кој се овозможува пишување на ѕидот кај туѓите профили, дури и кај корисници кои ги нема во листата на пријатели.
Откако тимот на Фејсбук не направил ништо во врска со ова, тој му пишал на „ѕидот“ лично на Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук.
Пакистанецот објаснил во својот блог дека откако го открил пропустот, го пријавил на страницата за сигурност на Фејсбук која дава најмалку 500 долари на сите оние информатичари што ќе откријат сериозни пропусти во функционирањето на социјалната мрежа. Сепак безбедносниот тим му вратил мејл во кој одговорил дека она што го открил, не било „bug“.
Вториот пат, тимот на Фејсбук ја игнорирал забелешката на Калил, и тој пишал директно кај Цукерберг, со оправдување дека немало друг начин да стигне пораката.
Неколку минути подоцна, тие го контактирале Калил, а неговиот профил бил блокиран, а вработените во социјалната мрежа го решиле проблемот.
Подоцна пристапот на Пакистанецот до мрежата бил ослободен, но поради неговата постапка и нарушување на правата на приватност на социјалната мрежа, нема да добие награда за откривањето на проблемот.